Topic outline
Оваа содржина има за цел да и обезбеди на јавноста информации за можностите за заштитено пријавување на корупција во Северна Македонија. Овде можете да дознаете што значи заштитено пријавување, кој може да се јави во својство на укажувач и кои неправилности може да се пријават. Можете исто така да дознаете како да пријавите неправилности и до кого. Следната содржина дава информации за можностите за заштита од штетни дејствија што може да се преземат за да се одврати пријавувањето на неправилности или одмазда како резултат на пријавувањето.
Врз основа на следните информации, можете да ги процените информациите што ви се достапни, а кои може да укажуваат на корупција или друга неправилност, да одлучите дали вашите информации даваат основа за заштитено пријавување на корупција или друга неправилност и, кои се можните последици од злоупотребата на заштитеното пријавување.
Оваа содржина е подготвена врз основа на важечката регулатива, пред се Законот за заштита на укажувачи. Доставените информации не служат како правен совет и затоа се препорачува детално да се консултирате со регулативата и да се обратите до надлежните органи за конкретни упатства. Оваа содржина дава информации за релевантни институции кои обезбедуваат правна помош за укажувачите.